Зеленски ќе им се обрати и на грчките пратеници
Следната недела на 7 април претседателот на Украина Володимир Зеленски, ќе се обрати пред грчкиот Парламент преку видеоконференциска врска, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорот ќе се одржи откако Зелески доби официјална покана од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, а според АНА-МПА датумот на обраќањето бил дефиниран на денешната средба на претседателот на Парламентот Константинос Тасулас со амбасадорот на Украина во Грција Сергиј Шутенко.
По обраќањето на Зеленски, според истите информации, ќе следи и говор на Тасулас, додека, пак, дел од грчките медиуми објавија дека обраќањето на украинскиот претседател се очекува да трае 15-20 минути.
Мицотакис во петокот, во телефонски разговор со претседателот на Украина му упатил покана да се обрати преку видеоконференциска врска во грчкиот Парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…