Град Скопје: Финансиски средства ќе добијат организациите кои имаат најквалитетен проект
Градот Скопје преку официјалната Фејсбук страна објасни дека Градот не е обврзан да ги финансира организациите чии проекти се помалку квалитетни од проектите на други организации.
Го пренесуваме соопштението на Градот Скопје во целост:
“Со цел превенција од ширење лажни вести од организации на кои од претходното градско раководство редовно им се доделувале парични средства, а годинава истите во обид да го политизираат изборот, покажаа огромна непрофесионалност прејудицирајќи дека Градот е обврзан да ги финансира дури и кога има проекти кои се од порелевантни организации како Црвениот Крст или со повисок квалитет на понудени активности за поддршка.
Градот го поддржува Црвениот крст кој организира летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, релевантна организација со сеопфатни проекти кои се спроведуваат со широка поддршка. Градот е насочен на проекти што вистински ќе помогнат и ќе донесат промени и истите се бодуваат базирано на повеќе параметри меѓу кои и квалитетот на понудениот проект.Со почит, Град Скопје.” – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…