Арсовска: За подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје преземаме системски мерки

t

-Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска учествуваше на презентацијата на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во главниот град, изработена од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Студијата е дел од проектот за „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

– Подобрување на состојбите со животната средина не може да има доколку не се преземат системски мерки. Во таа насока, Градскиот Еко совет е тело кое е за првпат формирано од експерти од областа на животната средина и со првите чекори кои тие ги преземаат ќе имаме квалитетни предлог политики кои ќе бидат презентирани пред Советот на Град Скопје. Сакам да нагласам дека во Скопје почнува најголемиот еко проект во регионот – пречистителната станица за отпадни води во вредност од над 160 милиони евра која ќе придонесе за пречистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и ќе придонесе за заштита на животната средина. Работиме и на подигање мега паркови, прв е паркот во Ѓорче Петров, а ќе следат уште четири вакви мега паркови во Скопје, истакна Арсовска.

Таа соопшти дека во план е секоја година да бидат засадени над 100.000 садници, а се работи и на финална имплементација на Зелениот катастар.

-Тука е и проектот за ре-употреба на градежниот отпад и шут за да се спречи создавањето диви депонии кои периодов интензивно ги расчистуваме, неселективно ги казнуваме сите оние што ја нарушуваат животната средина и здравјето на граѓаните и многу други проекти. Со сите овие мерки се надевам дека ќе успееме да постигнеме резултати, нагласи градоначалничката Арсовска во своето обраќање.

Скопската градоначалничка ја поздрави студијата, преку која можат да се детектираат проблемите, но и да се даваат предлози од страна на стручната јавност кои ќе можат да се имплементираат согласно можностите за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град, кој е еден од приоритетите во заштитата на животната средина, а ќе овозможи подобри услови и повисок квалитет на живот за граѓаните на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст…

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Пендаровски: Силјановска си закажала дебата сама со…

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ…