Апасиев: За ФФМ има отворено неколку кривични истраги и оп – обвинителка, судија и министер си лапкаат гратиси

t

Секое добро во Македонија мора да биде затруено со многу политика и заткулисни игри. Па така, гратисите од ФФМ за првите лица на правдата фрлија црна дамка на историската победа на македонската фудбалска репрезентација.

Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација.

И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Но, гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.

За Фудбалската федерација на Македонија има отворено неколку кривични ИСТРАГИ. И оп – обвинителка, судија и министер си лапкаат ГРАТИСИ баш од тој шо треба да го гонат!? Чекајте малце другари… Па нели ова у Шарена и у Извештајот на Прибе го викавме “ЗАРОБЕНА ДРЖАВА” , потсетува Димитар Апасиев од Левица на една тема која не се зборува многу во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…