Објавено на:

СЗО: Пораст на смртни случаи со коронавирус во светот

t

Бројот на смртни случаи со коронавирус во светот изминатата недела, се зголеми за 43 отсто, во споредба со претходната недела.

Од друга страна, бројот на нови инфекции со Ковид-19 е за 14 отсто помал, се наведува во денешното соопштение на Светската здравствена организација (СЗО).

Минатата недела регистрирани се над 10 милиони новозаразени лица, додека над 45.000 луѓе починале.

СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смртност од Ковид-19 во Чиле и САД, како и изменетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од шест милиони починале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

75-годишен маж се самозадоволувал во парк во…

Вчера во 12.35 часот полициски службеници од…

Пронајдено исчезнато 5-годишно дете во Сарај

Денеска (01.05.2024) околу 18.15 часот во Сарај…

Траги-комедија: Скопјанец паднал во шахтa

С.К. од Скопје вчера паднал во отворена…

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…