Бугарскиот европратеник Ковачев се закани по резултатите од пописот во Македонија: Ќе ги откриеме сите што имаат бугарско државјанство!
Сите знаеја кои се веќе „официјалните“ резултати од пописот во РСМ. 3504 граѓани се дрзнаа да се запишат како Бугари, вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ги коментира официјалните резултати од пописот во Македонија.
Тој напоменува дека повеќепати инсистирал на промена на Законот за бугарско државјанство.
-Добивањето бугарско државјанство по потекло не може да биде таен чин. Сите оние кои добиле бугарско државјанство по потекло мора да бидат објавени. Вака се објавуваат во САД, Канада, Германија или Франција, додаде Ковачев и нагласи:
-Да си доброволно бугарски државјанин откако ќе докажеш бугарско потекло и ќе потпишеш декларација дека се чувствуваш Бугарин не е тајна или срамна работа.
Според бугарскиот европратеник, при добивањето државјанство „потребна е церемонија или барем фотографија пред грбот и знамето“.
-Колку долго ќе чека (бугарското) Народно собрание?, праша Ковачев, објавија бугарските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…
МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…
Нова влада Црна Гора, прва одлука на…
Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…
Во Албанија денеска почнува попис на населението…
Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…
На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…
Според податоците од последниот попис, за десет…