За првпат од осамостојувањето на Македонија противпожарната бригада на Град Скопје се опремува со нова и модерна опрема

t

Апсурдната политика која се водеше со години како од централната така и од градските власти во државата каде од една страна се набавуваат луксузни возила за високи цени, а противпожарната опрема воопшто ја нема или е остаток од минатиот век, од денес станува минато.

Град Скопје денес докажа дека еден од важните приорити на градот е безбедноста на граѓаните и безбедноста на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада.

Советот на Град Скопје на денешната седница усвои одлука за набавка на возила со што значително ќе се подобри техничката опременост и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје.

Со првата одлука се одобрува набавка на две противпожарни возила автоцистерни со капацитет од најмалку 7.000 литри.
Со оглед на потребата за обезбедување основни средства за нормално функционирање на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Советот на Град Скопје одобри и набавка на навално противпожарно возило. Ова возило е неопходно за секојдневното работење на единицата, особено при пожари во урбани средини. Истото ќе биде со капацитет од минимум 4000 литри вода, опремено за интервенции во урбана средина.

Покрај возилата, донесена е и одлука за одобрување набавка на пумпа за теренско возило со висок притисок за теренско возило за гасење на помали пожари и пожари на отворен простор.

„Град Скопје се води според најновите безбедносни стандарди за заштита при спасување од пожари, но и од други непогоди со кои се справуваат единиците на противпожарната бригада. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место и ќе продолжиме со опремување и модернизирање на противпожарната бригада на град Скопје“ -истакнуваат од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Парада на гордоста“ во Скопје на 22…

Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена…

Метео: Невреме со пороен дожд и грмежи…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…