Закажана нова рудна преговори меѓу СОНК и Владата закажана за во понеделник

t

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека штрајкот најавен за 11 април ќе трае сѐ додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година.

Нова рунда разговори со Владата, како што изјави, е закажана за понеделник кога се надева дека владините претставници ќе излезат со одредена понуда.

СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.

– Ние сме за дијалог. Тоа сме го покажале и докажале досега. Уште пред четири години баравме со континуираното зголемување на минималната плата, да се усогласат и останатите плати. Четири години молиме да се надмине оваа состојба, рече Неделков вечерва во централниот дневник на „Сител”.

Досега, вели, немаат конкретен одговор од Владата и ресорните министерства, освен тоа дека има криза и дека во овој момент е тешко да се одговори на барањата на синдикатот. Ова, според Неделков, е неприфатливо бидејќи кризата влијае врз семејниот буџет на сите.

Предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите, според Неделков, е амортизирање во дадената ситуација и проблемот нема системски да се реши.

Не конкретизираше колку би чинело барањето за зголемување на платите, но смета дека е оправдано и дека ќе има фитбек затоа што, како што посочи, вработените се крајни немотивирани и имаат најниски примања во јавниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…