Објавено на:

Њујорк Тајмс за Србија: “Врзана за чувството на жртва државата се уште се држи за Русија”

t

Фактот дека рускиот лидер Владимир Путин, кој многумина на Запад го сметаат за воен злосторник, ужива почит во Србија и служи како мамка за гледачите, потсетува дека Кремљ сè уште има обожаватели во Европа, пишува Њујорк Тајмс.

Во написот „Врзана со чувството на жртва, Србија се држи до Русија“, американскиот весник наведува дека Путин на една белградска улица бил почестен со мурал со неговиот лик и натпис „брат“, недалеку од амбасадите на Германија, Полска и неколку други земји од ЕУ, на кои се веат украински знамиња во знак на солидарност поради руската инвазија.

Дел од привлечноста на г-дин Путин лежи во неговиот имиџ како моќен владетел, кој служи како модел за претседателот Александар Вучиќ, сè поавторитарниот лидер на Србија и премиерот Виктор Орбан, воинствениот лидер на Унгарија. Во пресрет на изборите кои двајцата ги очекуваат во недела, лидерите на Србија и Унгарија гледаат на Русија „како сигурен извор на енергија, неопходен за среќата на нивните гласачи. Анкетите покажуваат дека и двајцата ќе победат“, се вели во текстот.

Весникот наведува дека врз односот на Србите кон Путин влијае и „историјата, или барем митологизираната верзија на минатото, која во случајот со Србија ја претставува Русија како непоколеблив пријател и заштитник низ вековите“.

„Но, можеби најважната улога на Путин е како ѕвезда-водилка за нациите кои, без оглед на своите злосторства во минатото, се гледаат себеси како жртви наместо агресори, и чија политика се врти околу култот на жртва негуван од незадоволството кон Западот“, пишува Њујорк Тајмс .

Чувството на жртва е длабоко вкоренето во Србија, каде што злосторствата извршени за време на балканските војни во 1990-тите се гледаат како одбранбен одговор за српските страдања, „исто како што г-дин Путин ја претставува својата крвава инвазија на Украина како праведен напор заради заштита на прогонетите етнички Руси кои се дел од неговиот „рускиот свет“, се вели во текстот.

„Наративот за жртвата е толку силен кај некои во Србија што бучниот таблоид „Информер“, кој често ги одразува ставовите на г. Вучиќ, минатиот месец објави за подготовките на Русија за инвазија на Украина со наслов „Украина ја напаѓа Русија“, наведува Њујорк Тајмс.

Повеќе од две децении од крајот на конфликтот на Балканот, вели весникот, „многу Срби продолжуваат да ги отфрлаат воените злосторства во Сребреница, каде српските војници масакрираа повеќе од 8.000 босански муслимани во 1995 година, и во Косово, каде бруталното прогонство на Србите на етничките Албанци го поттикнаа бомбардирањето на НАТО во 1999 година, како манифестација на страдањето нанесено на етничките Срби“.

„Њујорк тајмс“ додава дека мала група демонстранти се собрала пред американската амбасада во Белград на 24 март, годишнината од почетокот на бомбардирањето на Југославија, а потоа се приклучиле на „многу поголеми проруски демонстрации, веејќи руски знамиња и банери со буквата „З“, што стана симбол на поддршка за руската инвазија“.

Како пример за Путин како мамка за гледачите во Србија, њујоршкиот весник ја наведува посетата на украинскиот амбасадор во Белград Олександр Александрович во тричасовна емисија на ТВ Хепи, во која повеќе од половина од времето било посветено на рускиот водач.

„Наместо да добие време да ја објасни мизеријата на Украина, амбасадорот Олександр Александрович мораше да ги трпи нападите на проруските српски коментатори и долгите видеа на кои рускиот претседател Владимир Путин ја означува Украина како жариште на нацистите. Емисијата емитувана на провладината телевизија Хепи, траеше три часа, а повеќе од половина од времето се зборуваше г-дин Путин“, се вели во весникот.

Кога „лут поради заседата во програмата во живо, му се пожалил на продуцентот за руската пропаганда“, на украинскиот амбасадор му било кажано „да не го сфаќа тоа лично“ и дека „г. Путин е добар за рејтингот“ на телевизијата, додава Њујорк Тајмс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово одби да ѝ достави на Србија…

Министерството за правда на Косово соопшти вечерва…

Русија во 2023. инвестирала три милијарди долари…

Обемот на вкупните директни руски инвестиции во…

Вучиќ за литиумот: Никој нема да направи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…

Украина: Русите ги повлекуваат своите сили од…

Русија ги повлече резервите од клучните области…

Русија: Преговорите со Украина нема да почнат…

Со терористичките активности во областа Курск, Украина…