Објавено на:

Нов удар: САД воведе нов пакет санкции за Русија – се цели и на Вселената!

t

САД воведоа нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Како што соопштија од Белата куќа, санкциите се насочени кон операторите во технолошкиот сектор, како и кон обид на Вашингтон да ја спречи Москва да избегне досегашните санкции, објави „Ројтерс“.

Американското Министерство за финансии објави дека вовело санкции за 21 компанија и 13 лица, меѓу кои и најголемиот руски производител на чипови, извозникот „Микрон“.

Санкциите ќе го опфатат рускиот вселенски, поморски и електронски сектор.

Од министерството додаваат дека цел на последниот потег ќе бидат и „злонамерните сајбер напади“.

Ќе продолжиме да ја гаѓаме воената машина на Путин со санкции од сите агли, се додека не заврши оваа бесмислена војна – порача министерката, Џенет Јелен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…