Објавено на:

На украинска граница фатен генерал кој со лажни документи сакал да избега во Унгарија

t

Украинската гранична полиција вчера запрела маж кој се обидел да ја напушти земјата и да побегне во Унгарија. Човекот ѝ предал документ на полицијата според кој е ослободен од обврската за општа мобилизација, пишува германски „Билд“.

Се испоставило дека се работи за генерал на украинската тајна служба СБУ, кој всушност и покажал на полицијата фалсификувани документи и воопшто не бил изземен од мобилизација. Заради бегство, неименуваниот генерал си го лишил чинот генерал и се преправал дека е обичен војник со потврда за воена неспособност.

Генералот бил спречен да ја напушти земјата, соопшти Украинската државна истражна канцеларија во Киев и бил уапсен. Против него е покрената истрага.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека „нема време за работа со предавниците“, мислејќи на бригадните генерали на тајната служба на кои им ги одзеде воените чинови. Тој не откри што направиле за да им го одземат чинот.

Исто така, освен што ги критикуваше генералите, Зеленски ги пофали и другите членови на тајната служба за нивните напори од руската инвазија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…