Објавено на:

Социјалните мрежи „горат“ заради снимка од средбата на Лејди Гага и Кејтлин Џенер: Таа навистина ја мрази!

t

На социјалните мрежи се шири видео од средбата на пејачката Лејди Гага и Кејтлин Џенер на доделувањето на награди на Фондацијата Елтон Џон, поради што многумина коментираат дека тие две навистина не се поднесуваат.

Камерите го снимиле моментот кога Кејтлин ѝ пришла на пејачката и ја прашала зошто повеќе не ја гледа во локално кафуле во Лос Анџелес.

Гага само кратко и пелтечејќи рекла дека го сменила баристата и ја свртела главата, по што Кејтлин само замавнала со раката.

„Мило ми е што те гледам“, ѝ рекла Кејтлин на пејачката додека си заминувала, а Гага кратко одговорила „Исто така“.

Корисниците на Твитер набрзо почнаа да се шегуваат на сметка на Кејтлин Џенер.

„Мислам дека најдоброто нешто беше дознавањето дека Лејди Гага го сменила кафулето во кое оди во Малибу бидејќи постојано наидувала на Кејтлин Џенер“, „Лејди Гага навистина престанала да оди во одреден Старбакс за да ја избегне Кејтлин“, „Лејди Гага дефинитивно ја мрази Кејтлин Џенер“, се само дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Припадници на АРМ ќе учествуваат во операција…

На предлог на Министерството за одбрана, Владата…

Навреме се отворени избирачките места – 860…

Во 7 часот почна гласањето на вториот…

Македонија гласа на двојни избори

Во Македонија денеска се одржуваат вториот круг…

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист…

Му беше сопатник и помошник на апостолот…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…