Објавено на:

Капка што ќе ја прелие чашата? Украина бара замрзнатите државни и приватни руски средства да се користат за обнова на државата

t

Украина очекува да добие пристап до замрзнатите руски средства во вредност од 400 милијарди долари за фондот за обнова на земјата, изјави економскиот советник на претседателот Володимир Зеленски, Олег Устенко, во интервју за локалниот медиум Украина 24.

„Зборуваме првенствено за замрзнатите резерви на руската централна банка од 300 милијарди долари… [и] замрзнатите средства на потесниот круг на претседателот Владимир Путин, кој вклучува неколку стотици луѓе надвор од земјата“, рече Устенко, коментирајќи ги изворите за фондот за обнова Украина планира да се формира со цел да се справи со последиците од актуелната криза.

Официјалното лице истакна дека покрај овој фонд, Украина се надева дека ќе добие финансиска помош од западните партнери и смета дека ќе има вкупна сума до 500 милијарди долари за обновување на земјата.
Претходно, неколку западни политичари изразија слични идеи, тврдејќи дека економските санкции против Москва не го дале посакуваниот ефект од притисокот врз Русија да ја прекине нејзината воена операција во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…