Блинкен и Столтенберг се воздржуваат од означување на акциите на Русија „геноцид“
Високи претставници на САД и НАТО одбија да ги означат активностите на Русија во Украина како „геноцид“, барем не сè уште.На прашањето дали агресијата на Москва е еднаква на геноцид, државниот секретар Антони Блинкен рече: „Ќе погледнеме добро, ќе документираме сè што ќе видиме“ и „ќе го собереме сето тоа“ за „релевантните институции и организации“.
Блинкен рече дека верува оти руските сили извршиле воени злосторства во Украина од инвазијата во февруари.
„Не можеме дане станеме вкочанети од ова“, рече тој. „Не можеме да го нормализираме ова“.
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, исто така не би го употребил зборот „геноцид“ кога го опишува однесувањето на Русија за време на нејзината инвазија на Украина.
„Тоа е бруталност против цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении“, рече тој за „Состојбата на Унијата“. „И тоа е ужасно и апсолутно е неприфатливо цивилите да бидат цел и убиени“.
Столтенберг ја истакна важноста Меѓународниот кривичен суд да отвори истрага за потенцијални воени злосторства во Украина.
Меѓутоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервјуто снимено за емитување на „Соочете се со нацијата“ на CBS, ги нарече дејствата на Русија геноцид.
„Елиминацијата на целата нација и народот, ние сме граѓаните на Украина“, рече тој. „Имаме повеќе од 100 националности. Станува збор за уништување и истребување на сите овие националности. Ние сме граѓани на Украина и не сакаме да бидеме потчинети на политиката на Руската Федерација. Ова е причината поради која сме уништени и истребени. И ова се случува во Европа на 21 век. Значи, ова е тортура на целата нација“.
Изјавите доаѓаат кога новите слики и извештаи продолжуваат да го покажуваат уништувањето на украинското општество и очигледното таргетирање на домови и згради на цивили.
Зборувајќи за „Meet the Press“ на NBC, Блинкен се осврна на уништувањето што силите на Путин го предизвикаа во Украина. „Иако е уназаден, иако верувам дека ова е веќе стратешки пораз за Владимир Путин“, рече тој, „смртта и уништувањето што тој ги прави секој ден во Украина, сликите што се на нашите телевизори и на социјалните медиуми секој ден се ужасни“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!
Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…
Стручната комисија на министерот за здравство, не…
Стручната комисија на министерот за здравство, која…
Вештачката интелигенција влегува во македонското образование, најави…
Министерката за образование Весна Јаневска вели дека…
Медведев: САД, Израел и Иран треба да…
САД, Израел и Иран треба да се…
ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…
Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…