Објавено на:

Германија ги предупреди граѓаните со руско потекло да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ

t

Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина.

Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите – изјави владиниот портпарол Волфганг Бихнер.

Тој ги повика граѓаните со руско потекло сеопфатно да се информираат преку различни национални и меѓународни медиуми. Апелот дојде откако вчера во Берлин се одржа протест со автомобили, на кој околу 900 луѓе демонстрираа против медиумската кампања против Русија и нејзините граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДВ: Дали пристапот на Украина и Молдавија…

Повеќе од една деценија ЕУ изгледаше како…

Европскиот фронт се уште нема одлука дали…

Ќе бара ли Европскиот фронт нивните симпатизери…

Младеновска: Ќе издадеме решение за забрана за…

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде…

Апасиев нуди македонска платформа во пет точки…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот…

(Видео) Можно ли е да пукне на…

Лидерот на Беса и дел од албанската…