И Бучковски потврди: Во Македонија и Бугарија има групи што работат против компромис – протераните руски дипломати биле дел од нив

t

Можен е договор меѓу Скопје и Софија за време на француското претседателство со ЕУ, но има групи и во двете земји кои работат да не се најде компромис, вели во интервју за бугарската телевизија Нова, поранешниот македонски премиер и специјален претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

– Бугарија и Северна Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската унија. Климата за преговори сега е подобра. Има шанса за договор следниот месец. Постојат групи во Софија и Скопје кои работат против компромис и договор меѓу нашите две земји, рече Бучковски.

Според него, петтемина руски дипломати протерани од Скопје станувале сè поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и да ги „минираат“ напорите на Скопје да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Во однос на резултатите од пописот во Македонија, Бучковски посочува дека разликата во издадените пасоши и бројот оние кои се изјасниле како Бугари се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и тие луѓе повеќе не се во државата.

– Верувам дека сите кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на Пописот, го направија тоа, вели Бучковски.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…