Објавено на:

Кулеба: Западот продолжува да ја храни руската машинетија – ужасите во Буча бараат сериозни санкции

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави денеска дека „хоророт што го видовме во Буча е само врв на ледениот брег на сите злосторства извршени од руската војска“ од почетокот на војната досега.

Кулеба тоа го изјави на прес-конференција во Варшава. Тој додаде дека „ужасите од Буча, Мариупол и другите градови бараат сериозни санкции од Г7 и од Европската унија“.

Обраќајќи се на прес-конференција со британската колешка Лиз Трас, Кулеба повика на воведување „најостри санкции“ против Русија, додавајќи дека таа земја треба да биде исфрлена од Советот за човекови права на ОН.

– Западот продолжува да ја финансира руската воена машина, плаќајќи за фосилни горива. Трговијата меѓу Русија и Западот продолжува, а финансиските трансакции одат преку руски банки кои не се исклучени од системот СВИФТ, нагласи Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија, исто така, испрати порака до министрите за надворешни работи кои оваа недела ќе присуствуваат на состаноците на НАТО, ЕУ и Г7.

– Ако имате какви било сомнежи или аргументи за потребата да продолжите да соработувате со Русија, прво посетете ја Буча, а потоа контактирајте ме, додаде Кулеба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба: Добиваме повеќе оружје и друга помош!

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба…