Објавено на:

Арсовска се сретна со генералниот секретар на Црвен Крст – Град Скопје ќе реализира активности за поддршка на ранливите категории

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку нејзината Фејсбук страна сподели дека остварила средба со генералниот секретар на Црвен Крст Македонија и цекретарот на Црвен Крст Скопје.

Во идниот период Град Скопје во соработка со Црвен крст ќе реализира активности за поддршка на ранливите категории, особено во сегментот на социјалната заштита.

“На денешниот работен состанок со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст и Сузана Тунева Пауновска секретар на Црвен крст на Град Скопје договоривме реализација на активности за поддршка на граѓаните од ранливите категории, каде помошта е најмногу потребна во време на криза. Градот Скопје во соработка со Црвениот Крст, релевантна интернационална организација која делува во Скопје од 1945 година, овозможува поддршка во спроведување на заеднички утврдените активности, со учество на илјадници волонтери во активности, кампањи, акции и проекти особено во сегментот на социјалната заштита и поддршка на лицата во социјален ризик.” – напиша Арсовска на Фејсбук.

Линк од објавата: https://www.facebook.com/103786094706664/posts/524556892629580/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…