Ковачевски ќе го менува Уставот: 20 проценти биле понижување

t

Премиерот Димитар Ковачевски изрази подготвеност за спроведување на уставни измени по резултатите од пописот.

Одговарајќи на прашањето на ТВ21 за тоа дали е можна измена на Уставот, со оглед на тоа дека после пописот се погласни се најавите на албанските партии дека формулација од „20%“ треба да се избрише, Ковачевски рече дека тоа треба да се направи прво во дијалог со политичките партии.

Уставот се менува низ уставна процедура. Таа уставна процедура значи дека Собранието на државата треба да отвори дискусија. Најпрво почнува со дискусија меѓу политичките партии, а се вклучуваат и експерти – додава Ковачевски.

Тој додава дека употребата на јазиците во државата е регулирано со Законот за употреба на јазиците.

Ние сме држава во Европа која што на највисок пиедестал ги има искачено правата на помалите заедници, и на сите заедници во државата, за тоа сведочи тоа што имаме Министерство за политички систем, за правата на заедници. Имаме Агенција за јазици и.т.н. – вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од пеколна жештина до пороен дожд и…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…