Објавено на:

Индија избра страна? Остри осуди за масакрот во Буча – се бара независна истрага

t

Индија „остро го осуди“ масакрот на цивилите во Буча и повика на независна истрага.

Станува збор за промена на реториката на Индија, која веќе некое време е под значителен притисок од Западот да ја осуди руската инвазија, што сè уште не го сторила.

„Неодамнешните извештаи за убиствата на цивили во Буча се длабоко вознемирувачки“, рече Т.С. Тирумурти, претставник на Индија во ОН, на седницата на Советот за безбедност.

„Силно ги осудуваме овие убиства и поддржуваме независна истрага“, рече Тирумурти.

Индија досега беше воздржана

Индија досега се воздржуваше од гласање на Генералното собрание на ОН за резолуции со кои се осудува руската инвазија на Украина и се обидуваше да ги балансира своите блиски врски со Москва, но во исто време повика на прекин на насилството.

Непосредно пред говорот на Тирумурти во Советот за безбедност, американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен телефонски разговараше со неговиот индиски колега Џаишанкар.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно го повика Њу Делхи „да размисли каде сака да биде кога ќе се пишува историјата на овие моменти“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова несреќа: Седуммина загинати во пад на…

Цивилен хеликоптер се урна денес во северната…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Бројот на жртви во падот на Боингот…

Бројот на жртви во падот на авионот…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…