Пендаровски му ја честитал победата на Вучиќ?
Претседателот на Србија Александар Вучиќ на изборите однесе убедлива победа уште во првиот круг. Новиот мандат му го честитаа речиси сите европски лидери како и тие од регионот.Но, меѓу оние кои честитаа не може да се најде името на претседателот на нашата земја Стево Пендаровски.Затоа „Република“ и „Пресинг ТВ“ го прашаа неговиот кабинет дали му ја честиташе победата од каде кратко одговорија „Да, претседателот му честиташе“.Не добивме никава информација како гласи честитката, дали му честитал од позиција на претседател или пак можеби приватно.
На официјалната страница на Пендаровски како и на неговиот Фејсбук профил нема никаква информација за честитката до Вучиќ.За потсетување, Вучиќ јавно му го честиташе изборот за претседател на Пендаровски.Вучиќ е еден од најпопуларните политичари во Македонија.Неговата популарност уште повеќе порасна кога беше единствен кога ни даде вакцини против корона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…