Драма во Куманово: Граѓанин пронашол неексплодирани гранати од Втората светска војна
Кумановец пронашол две неексплодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна, соопшти денеска кумановската полиција.
-Вчера во 14:15 часот во СВР Куманово, З.Д.(49) пријавил дека на улица „Железничка“ пронашол две неексплодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна со калибар 75 мм, информираше полицијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
Руската надворешна разузнавчка служба: Српски одбранбени компании…
Според добиените информации, српските одбранбени компании, спротивно…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…
Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…
Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…