Се пожали директорот на штипската болница: Добвиме шестпати повисока сметка за струја од февруари

t

Штипската Клиничка болница за февруари добила безмалку шестпати повисока сметка за потрошена струја во споредба со истиот месец лани, се пожали денеска директорот, Ален Ѓеорѓијев.

Февруарската сметка за струја минатата година изнесувала околу 700.000 денари, а за истиот месец годинава, болницата добила фактура од ЕВН во висина од четири милиони денари. Од Клиничка очекуваат приближно ист износ и за март.

-За среќа, од 1 април го завршивме тендерот и веќе сме кај нов добавувач кој е избран на тендер и се надевам дека априлската сметка ќе биде во понормални граници, така што сметам дека ќе добиеме само 2 високи сметки и ќе успееме на некој начин да се справиме со проблемите кои ги прават високите сметки за струја, изјави директорот Ѓеорѓијев, според Сител.

Тој уверува дека зголемениот трошок нема да го поремети планот за јавни набавки на потребната медицинска опрема донесен во јануари, за што говори и набавката на новото амбулантно возило во вредност од 2 милиони денари, кое болницата го купи со сопствени средства и го претстави денеска.

-Со ова возило и останатите четири, кои ги набавивме по пат на донација, сериозно ги зголемивме перфомансите на возниот парк на нашата болница, додаде Георгијев.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА ВО ШТИП: Пронајдена мртва девојка!

Тело на почината 26-годишна девојка од Кавадарци…

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и…

МВР информира дека вчера по преземени оперативни…

Османи во Штип: Ни се нуди да…

Овие избори не се избори помеѓу различни…

(Фото+видео) Хаос во Штип: Излеана нафта по…

Државен инспектор за животна средина од Одделението…

Чистотата е половина здравје, а ова е…

Чистотата е половина здравје, а ова е…