(Во живо) Еве зошто требаше да се направи попис – Уставот ќе претрпи уште најмалку 5 измени!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети се зборуваше за резултатите и последиците од пописот.

Стевче Јакимовски истакна дека сега гледаме за што беше потребен пописот и дека Уставот ќе претрпи најмалку 5 измени.

“Еве зошто беше пописот, нели ни требаше за големи економски и инфраструктурни планови. Сега од прв ден излегоа со барања за промена на Уставот.

Уште најмалку 5 уставни измени ќе претрпи Уставот и не знам каде се сега тие што повикуваа на бојкот, што го втурнаа сопствениот народ во стратешка грешка.

Тука требаше да се вклучат сите и МПЦ, партиите, организациите, народот требаше масовно да се попише за да имаме реални резултати. Ако се некаде 100% Албанци нека бидат, ама да имаме реална слика.” – констатираше Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1167714620683026&notif_id=1649273861152284&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ