Поранешниот потпретседател на СДСМ ја искритикува Владата: Понекогаш мора да се каже не на партијата

t

Политикологот Гордан Георгиев, кој е поранешен потпретседател на СДСМ, вечерва во „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека иако ја критикувал оваа влада за многу други теми, може да ја пофали околу транспарентноста.

„Ние малку се научивме каде што постоеја тематски прес-конференции, каде што се заташкуваше политичката одговорност, а сега се фаќаме за најмали детали кои не се неважни, тие се важни и тоа кажува дека власта полека научува да биде транспарентна, вели Георгиев.

Според него, јавноста во земјава се буди.

„Тоа е многу добро и воспоставува стандарди од кои понатаму не би требало да има назад“, рече Георгиев.

Тој посочува дека авторитарната природа на партиите не овозможува премногу слобода на искажување сопствен став.

-Тешко е да се каже „не“ кога сте дел од една партија. Обично некои работи се разговараат внатре во партијата и потоа се излегува со заеднички став. Изборниот модел во Македонија, нивото на внатрепартиска демократија и културата на постоење на шефот, што ќе каже шефот се проблем, бидејќи не му дозволуваат на политичарот од пониските ешалони да има свој став, макар и различен од шефот. Мојот став е дека е важно да се каже не во одредена ситуација. Тоа го буди внатрепартискиот живот. Делумно изборниот модел може да ја отвори внатрепартиската демократија за да филтрираат добрите кадри и кои ќе знаат да кажат не кога треба да се каже не, категоричен е Георгиев.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ