Твит на денот – “пописен феномен”: Дали знаете дека според пописот на Апостол и Илми Ромите не знаат ромски, Србите српски, Турците турски?

t

Твитер профилот “Троловски” пренесе како што пишува во неговиот твит “нов феномен” во врска со пописот.

“Дали знаете дека според пописов на Апостол и Илми во Македонија има :

14 712 РОМИ што не знаат РОМСКИ,

12 595 СРБИ што не знаат СРПСКИ,

8238 ТУРЦИ што не знаат ТУРСКИ,

5563 ВЛАСИ што не знаат ВЛАШКИ –

Ова е некој НОВ ФЕНОМЕН, немам друго објаснување” – пишува во твитот.

Резултатите од пописот се актуелни веќе втора недела, а секојдневно на виделина излегуваат нови скандали и недоследности поврзани со пописот.

Голем број на етнички заедници и партии не го признаа пописот како валиден и предочија на низа нерегуларности во спроведувањето на пописот и во самите резултати.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски во емисијата “Тешки муабети” и самиот призна дека има одредени грешки во пописните резултати, но и дека резултатите не се комплетни и точни по однос на четири графи за кои нема податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Нова влада Црна Гора, прва одлука на…

Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…

Во Албанија денеска почнува попис на населението…

Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…

Според податоците од последниот попис, за десет…