Несогласување во Владата – Тупанчески контра Грковска: Не се согласувам со опомената, не е прекршен етичкиот кодекс

t

Министерот за правда Никола Тупанчески, вечерва на ТВ21, во врска со спорното патување во Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Италија и Македонија, рече дека добил покана од Фудбалската федерација.

„На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето, е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, рече Тупанчески, кому Владата вчера му испрати писмена опомена за прекршување на Етичкиот кодекс за државните функционери.

Министерот вели дека „не се согласува“ со опoмената, која дојде од вицепремиерката задолжена за добро владеење на функционерите и институциите, Славица Грковска.

„Не, не се согласувам, уште еднаш сум конзистентен на својот став дека нема повреда на норма“, вели Тупанчески за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…

Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…

Владата донесе Одлуката со која се менуваат…

Со 69 гласа изгласани се новите министри…

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…

Државите не ги менуваат своите судбини преку…