Познато за што обвинителството го терети Зекири – поврзано е со приватизацијата на Македонскa Поштa

t

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара притвор за Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири бидејќи го оштетил буџетот на државата за 800.000 евра.

Неофицијално, Зекири склучил договор во четири очи без спроведување на постапка за тендер за јавна набавка со што ја злоупотребил службената положба во смисла на чл.353 ст.5 в.в. ст.3 и ст.1 од Кривичниот закон на Р.Македонија.

Предметот на договор е во врска со работата на Македонски Поштa односно случајот со иразботка на физибилити студија за најавената приватизација на ова државно претпријатие.

Најавата за приватизација на Пошта дојде во 2020 година, а оваа физибилите студија требало да утврди дали Македонска Пошта ќе биде во целост приватизирана или ќе биде јавно приватно партнерство.

Зекири неофицијално ќе биде гонет сооглаасно членот 353 од Кривичниот законик, односно за злупотреба на службената положба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…