Ковачевски се сретна со Ципрас: Само со дијалог и решенија градиме просперитет
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски на маргините на Економскиот форум Делфи во Атина, се сретна со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза“, Алексис Ципрас.
Во срдечна и пријателска атмосфера, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Големите и далекувидни пораки што во себе ги носи Договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија и за Западен Балкан.
На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…