(Во живо) Митовски: Најавувам дека ќе објавиме афера еднаква на Рекет – За првпат ќе настрада и ДУИ!
Во денешната епизода на “Тешки муабети” уредникот на Инфомакс, Александар Митовски најави дека во следниот период Инфомакс ќе објави низа текстови со кои ќе се обелодени афера за спреда на судство, јавно ообвинителство и пратеник на ДУИ.
“Најавувам еден текст, една афера еднаква или можеби и поголема од Рекет во која се вклучени судии и обвинители од редовното судство, не од некое ад хок како СЈО што беше.
Има една ситуација во која намерно се префрла имот од една компанија на друга компанија која е фиктивна непосредно пред донесување на пресуда. Подоцна тој имот се купува од еден бизнисмен, пратеник на ДУИ. Судијата донесува решение дека нема од каде да конфискува имот, обвинителот се согласува иако има можност да побара конфискација на имот преку трети лица, не ја искористува таквата можност.
Ова ќе биде афера можеби и поголема од Рекет, за првпат ќе настрада и ДУИ. – вели Александар Митовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=320097166709171