Деаноски: Да сум премиер за 5 минути ќе ги разрешам министрите што не исплатија минимална плата

t

Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството.

Според него, ова се црвените линии под која нема долу.

2.806 денари е разликата од минатата вредност на минималната плата со сегашната вредност на минималната. Премала е, но испраќаме порака до владата дека сме кооперативни за да седнеме на маса. Бараме за сите оние што не се усогласи платата. Не го сфаќам односот на владата кон вработените и не можам да го разберам објаснувањето. Не ни треба измена на законот за администрација за да може да се добие износот на минимална плата. МИОА даде допис дека мора сите да исплатат согласно закон за минимална плата. Зошто МФ и другите министерства не постапуваат како МИОА и не исплаќаат минимална плата година дена, а еве и сега? Зошто другите не го почитуваат законот? Денеска ме прашаа новинарите, им кажав: Јас да сум премиер, сите тие министри што не исплатија минимална плата, би ги разрешил за пет минути, вели Деаноски во емисијата „360“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: „Претседателот на УПОЗ се луксузира“, Деаноски…

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ,  порача денес…

Владата, УПОЗ и САДУ договорија етапно покачување…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција по…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

Администрацијата и Владата се договорија за 8…

Позадоволни од ништо, ама незадоволни во целост…

Синдикат на УПОЗ: Владата под притисок, прифатен…

Синдикатот на УПОЗ денес на социјалните мрежи…