Момче и девојка го тепале Тот: Ракометарот бил удиран со нога по главата
Ракометарот кој денеска почина на КАРИЛ, Денис Тот вчера изутрина „во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица.
„Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар, пишува Сајтот за проверка на фактите „Вистиномер“.
„Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош“, објави „Вистиномер“.
Пресметката од плејофот во ракометната елита помеѓу првакот Вардар и Бутел, кој требаше да се игра утре од 16 часот е одложен после смртта на 27-годишниот ракометар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети над два тона сув цвет од…
Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…
Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…