Тажно: Над 4 милиони Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на воената операција
Повеќе од 4 милиони Украинци ја напуштиле својата земја откако започна специјалната воена операција на Русија на 24 февруари, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации.
Новата статистика објавена на 9 април од УНХЦР покажува дека 4.441.663 Украинци ја напуштиле земјата поради војната, што е за 59.347 повеќе од претходниот ден.
ОН соопштија дека 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца, бидејќи властите во Киев не им дозволиле на мажите на воена возраст да ја напуштат земјата.
Полска, која досега прими околу 2,56 милиони бегалци, денеска беше домаќин на донаторска конференција за да им помогне на оние што се протерани од Украина и они кои се внатрешно раселени.
Настанот го организираа невладината организација Глобал Ситизен, Европската комисија и канадската влада.
Предвидено е лично да се појави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која вчера беше во посета на Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…
Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…
Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!
Украина изврши ракетни напади врз објект на…