СОНК: Утре генерален штрајк во сите образовни установи на национално ниво

t

Штрајк утре ќе има во сите градинки, основни, средени училишта, како и ученички и студенстки домови и високообразони институции кои по пат на солидарност ќе се приклучат на територија на цела во Македонија. До кога штрајкот ќе трае? Зависи дали ќе има почеток на преговори со владата, потврди Јаким Неделков од СОНК. Тие не се откажуваат од барањето за зголемување на платите во образование за 18,4 отсто.

„Штрајкот ќе трае се додека не се издаде соодветно прифатливо решение за двете страни, каде што со претходна консулатција со синдикалните организации ќе ја промени одлуката од генерален штрајк во прекинат генерален штрајк или евентуално ставање во мирување тоа кога ќе биде не зависи само од нас. Апелирам до владата што побрзо да не повика на преговори, да најдеме взаемно решение, што поскоро да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатите и што поскоро да почне редовната настава во училиштата и градинките“, посочи Јаким Неделков претседател на СОНК.

Неделков објасни дека утре сите наставници и воспитувачи ќе бидат на своите работни места, но нема да ја вршат својата работна обврска туку ќе бидат во посебни простории. Во ваква состојба од СОНК индиректно посочија најдобро е децата да не одат во училиште и во градинка.

„Оние дечиња што ќе дојдат во училиште и во градинка врз основа на згрижување, воспитување, образование и храна немаме таква обврска. Ние ќе бидеме во посебни простории, училници, спортска сала. Директорот може да употреби вработени во установите што евентуално нештрајкуваат поради разни основи може не се членови на СОНК или се на определно време вработени имаат страв да не останат на работа“, посочи Неделков.

Неделков вели дека има притисок најмногу во градиниките каде се бара воспитувачките и негувателките да продолжат со својата работа, а штрајкот е најавен. Адвокатката на СОНК вели дека секој притисок ќе биде пријавен и ќе се бара одговорност од директорите.

„Доколку има притисоци врз наставниците, воспитувачите тогаш директорите подлежат на парична казна или казна затвор“. Изјави Верица Арсова адвокат на СОНК.

Од СОНК велат дека сите активности кои биле најавени во образовниот процес ќе бидат откажани се додека трае штрајкот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура…

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…