МАКРОН ВОДИ ПО ПРВИОТ ИЗБОРЕН КРУГ, СЛЕДИ ДУЕЛ СО ЛЕ ПЕН НА 24 АПРИЛ

t

Макрон победи во првиот круг со 28,1 отсто од гласовите, а Ле Пен освои 23,3 отсто.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се соочи со екстремната десничарка Марин Ле Пен во вториот круг на претседателските избори во Франција на 24 април, откако денеска победи во првиот круг со 28,1 отсто од гласовите, според излезната анкета на Ипсос. Марин Ле Пен е втора со 23,3 отсто од гласовите, на изборите на кои имаше 12 кандидати од крајно лево до крајно десно во политичкиот спектар.

Резултатот на Ле Пен е за 2 % подобар од оној во првиот круг во 2017, кога таа првпат му беше противкандидатка на Макрон. Во 2017, Макрон стана претседател откако ја победи Ле Пен со 66,1 % наспроти нејзините 33,9 % од гласовите.

Екстремниот левичар Жан-Лик Меланшон е на третото место и далеку пред остатокот од групата со 20,1 отсто од гласовите, според сегашна проценка. Следниот е крајно екстремниот десничар Ерик Земур, кој на почетокот на оваа трка многу се прослави, а освои со 7,2 отсто гласови, пред конзервативната републиканка Валери Пекрес со 5 отсто, што е предвесник на големите промени кои доаѓаат за конзервативниот мејнстрим на Франција.

До 17 часот гласале 65 отсто од регистрираните гласачи, што е за 4,4 поени помалку во однос на претходните избори во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Маџир Маало

Вечерва се запали стара и напуштена куќа…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Силен земјотрес воТурција!

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Ристовски: До крајот на идното лето пет…

Скопје до крајот на идното лето ќе…

Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…