(Видео) Момировски: Не се чувствувам прогонет, јас нив ги прогонувам – планот бил да бидам уапсен заедно со Зекири
Во денешната епизода на “Тешки муабети”специјален гостин е Горан Момировски, новинарот кој веќе неколку години е мета на власта и правосудството поради како што вели тој работење на неговата работа.
“Многу интеренсно е што ги знам сите детали што се случува во обвинителството. Не се чувствувам прогонет, се чувствувам како јас да ги прогонувам.
Еден ден обвинителите ќе мора да одговорат како без основано сомнение започнале кривична постапка. И тие се под притисок и имаат проблеми да најдат прекршок, да најдат основано сомнение.
Најлесно е кога знаеш дека не си направил криминал, не си измамил некого, да одиш во затвор затоа што ќе кажеш дека некој правел криминал. И луѓето за 27 април не треба да се во затвор…
Мастер планот бил да бидам уапсен заедно со Мухамед Зекири завчера, за да се преполови дговорноста еве еден новинар и еден од власта. И тоа ќе испратеше и друга порака, не им верувајте на новинарите еве се огрешиле.” – вели Момировки.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1634614823565983¬if_id=1649618110098493¬if_t=live_video_explicit