Ова е најлошото сценарио за Макрон: Ако Меланшон оди во вториот круг, големи се шансите Ле Пен да однесе победа

t

Додека првичните резултати од претседателските избори велат дека Макрон и Ле Пен одат директно во вториот круг, последните резултати се веќе нијансирани.

Остануваат да се пребројат уште 7% од гласовите, оние од големите градови, наводно поволни за левите и крајно левичарските партии.

Па така на кандидатот Жан Лук Меланшон му фалат само 0,8% од гласовите да се квалификува во вториот круг.

Изборниот тим на Жан Лук Меланшон најави дека победата останува можна и дека со големо внимание ја следат ситуацијата.

Во овој случај во вториот круг би биле Макрон, Меланшон и Ле Пен што пак значи дека гласовите за левицата ќе се поделат, а Ле Пен ќе има далеку поголеми шанси да однесе победа!

На Меланшон му се потребни 22 проценти од гласовите за да се квалификува во вториот круг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…