Момчето кое ја усмрти Викторија ОСУДЕНO на три години затвор!

t

На денешното рочиште во Кривичниот суд, Јордан Георгиев кој ја усмрти Викторија Николова доби затворска казна.

Георгиев е осуден на три години затвор и е прогласен за виновен, а доби и забрана за управување со моторно возило во следните три години.

Георгиев уште на првото рочиште ја призна вината, а судијката Љубинка Башевска истакна дека „ тој не ги почитувал сообраќајните правила и не обрнал внимание на пешаците и возел со недозволена брзина“.

Сега судот треба да одлучи дали Георгиев ќе остане во притвор или ќе добие поблага мерка за обезбедување на присуство.

Адвокатот на Георгиев бара ефективниот притвор да биде заменет со домашен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…