Митровски за Инфомакс: Тие што го удираат додека е на земја треба да одговараат за свирепо убиство, како е можно по вакво тепање да нема видливи медицински траги!

t

Познатиот скопски адвокат, Јанаки Митровски за Инфомакс го коментира убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.

Откако на Јутуб беше објавена снимка од неговото убиство, јавност буквално гори поради начинот на кој е убиен младиот Тот, но и поради обидот да се прикрие фактот дека се работи за убиство.

Според Митровски од снимката може да се заклучи дека обвинетите со право ги теретат за убиство.

-Обвинетите со право ги теретат за убиство, единствено може да трпи измени обвинението за првото момче кое што го напаѓа Тот бидејќи го удира само два пати и прекинува, па како што гледате не е баш јасно што се случува понатаму, но тој ја оттрганува девојката да си одат и да престанат да го удираат, вели тој.

За дечкото и девојката кои со клоци го удираат Тот додека е на земја делото дури може да биде прекфалификувано во свирепо убиство, вели правникот.

-Девојката и дечкото што го удираат откако е паднат во бесознание дури може и да добијат прекфалификација во кфалификуван облик на делото убиство односно убиство на свиреп и подмолен начин, додаде тој.

Момчето кое ги задава првичните удари на Тот според Митровски нема умисла да го убие, туку се работи за тешка телесна повреда со смртни последици, но Митровски потенцира дека мора да се истражи како тоа се направила погрешна медицинска анализа и по ваков напад да нема видливи траги.

-Првиот што го удира треба да одговара за тешка телесна повреда со смртни последици бидејки јасно се гледа дека нема умисла да го убие туку го удира два пати, но лошо паѓа. Со задоволство би го бранел првиот бидејки не треба да одговара за убиство. Апсолутно треба да се истражи како тоа имало “погрешна медицинска анализа” во услови кога овој физички напад не може, а да не остави видливи траги, истакна Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…