Груевски и Мијалков се најдоа на црната листа на САД

t

Попладнево беше возобновена црната листа на САД, а на истата се најдоа две познати имиња за македонската јавност.

Имено екс премиерот, Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се новите имиња од Македонија кои се на официјалната црна листа на Стејт Департментот.

-Додека беше премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во избворните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија, велат од Стејт Департментот.

Но сепак против екс директорот на УБК, Сашо Мијалков не се води ниту еден предмет во кој тој е обвинет за корупција.

Покрај Груевски и Мијалков на црната листа на Стејт Департментот се најде и компанијата на Никола Груевски во Будимпешта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Панче си отиде дома со возило не…

И после изјавава Панче си влезе во…

Чета за атомско биолошка и хемиска одбрана…

Еден тим од Четата за атомско биолошка…

Тошковски: За дел од пожарите се сомневаме…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по…

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките…

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките…

Девет активни пожари во Македонија, и натаму…

Центарот за управување со кризи утрово информира…