Објавено на:

Смрт на секој чекор: Половина од територијата на Украина треба да се исчисти од нагазни мини

t

Претставник на Државната служба за вонредни состојби Олег Бондар соопшти дека околу половина од територијата на Украина треба да се расчисти од нагазни мини.

Бондар рече дека за околу 300.000 квадратни километри земја се потребни хуманитарни напори за деминирање, а големо количество експлозив сè уште има и во областите кои се вратени од руските војници.

Тој информира дека моментално напорите се концентрирани во близина на Киев и другите северни области на земјата, а во тек се проверки и во регионите Харков и Николаев, и покрај тоа што се цели на руско гранатирање.

Во Ирпин, во близина на Киев, заврши расчистувањето, но Бондар вели дека сè уште треба да се пребараат приватните земјишта за што е потребна дозвола од сопствениците.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…