Тешки биле “муабетите” меѓу Путин и австрискиот канцелар Нехамер: Заклучок, војната мора да заврши
Разговорите беа „директни, отворени и тешки“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Во изјавата по средбата, која траела околу 90 минути, Нехамер вели дека тоа не била пријателска посета и дека целта била да не се остави “непревртен камен“ во барањето крај на конфликтот, или барем хуманитарен напредок за цивилите во Украина.
Тој додаде дека неговата најважна порака до Путин била дека војната мора да заврши бидејќи во војна има само губитници.
– Разговарав за сериозните воени злосторства во Буча и на други места и нагласив дека сите одговорни мора да одговараат, откри тој.
Нехамер е првиот лидер на Европската унија кој се сретна со Путин откако рускиот претседател нареди напад врз Украина на 24 февруари.
Иако Австрија генерално одржува поблиски односи со Москва од другите земји од Европската унија, тоа не е случај во последно време.
Нехамер изрази солидарност со Украина поради рускиот напад и ги осуди „очигледните руски злосторства“, додека неговата Влада им се придружи на другите земји од ЕУ во протерувањето на руски дипломати.
Пред состанокот, австрискиот канцелар рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…