Објавено на:

Косовскиот министер за одбрана загрижен: Вооружувањето на Србија од Кина и Русија е закана за безбедноста на Балканот

t

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај вели дека последното снабдување со оружје на Србија од Кина, а пред тоа и од Русија, претставува закана за мирот и стабилноста во Балканот, но и пошироко, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Мехај ги повика НАТО, Европската унија и Оргнизацијата на обединетите нации „максимално сериозно да го имаат предвид деструктивното и опасно однесување на Србија“.

-Со купувањето на ракетните системи и новото оружје од Кина, како и на поранешните системи од Русија, одново силно се потврдува деструктивното, многу опасно и антизападно однесување на Србија. Оваа одвратна претстава се случува во време кога ЕУ и НАТО и сиот свет кој ги поддржува евроатлантските вредности се соочува со агресорот врз тие вредности, Русија и нејзините сојузници, оцени Мехај.

Тој прашува „од кого е загрзена Србија, или против кого се вооружува со тие најнапредни напаѓачки и одбранбени системи?“.

-Косово постојано ја изразува својата оправдана загриженост поради деструктивното и опасно однесување на Србија во однос на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко, напиша Мехај.

Повеќе медиуми во светот деновиве објавија дека минатиот викенд Србија, во тајна операција, доби испорака на софистициран кинески ракетен систем, со што го зголемила контингентот на таков вид оружје кој претходно бил набавен од Русија и Белорусија.

Според агенцијата АП, шест кинески транспортни авиони Y-20 слетале на белградскиот аеродром рано во саботата, на 9 април, со ракетни системи земја-воздух HQ-22 за српската војска . Според воените есксперти, станува збор за модифицирана и подобрена верзија на рускиот ракетен систем С-300. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

За 25 години Србија ќе изгуби 3.000…

Во Србија моментално има 4.720 села, а…

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…