Објавено на:

Рама од Берлин: Се одвојуваме од Македонија ако нема почеток на преговори со ЕУ во јуни!

t

Албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш изјави дека Албанија во евроинтеграцискиот процес „ќе се одвои од Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни”.

-Во случајот со одвојувањето на Албанија од Македонија, одговорот е позитивен од 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во национална анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да нѐ разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме, изјави Рама на заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според албанските медиуми, Шолц од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ”.

-Неколкупати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува свеста дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот проект, рекол Шулц.

Рама, како и многупати досега, рече и дека „Албанија со години е разочарана од Советот на Европа” но оти и без оглед на одлуката во јуни, неговата земја „ќе продолжи да ја врши својата работа“.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ЕУ најавува план за забрана на социјалните…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Фон дер Лајен „згрозена“ од погребот на…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…