Објавено на:

Бугарија во војна со руските “тролови” – Ќе се ловат креатори на проруско јавно мислење на интернет

t

Бугарија најави формирање на специјална институција за борба против лажни вести на социјалните мрежи и кај онлајн медиумите. Ова го најави министерот за електронско управување Божидар Бојанов, кој посочи дека институцијата ќе има задача да ги следи и анализира ткн. „тролови“, кои со скриени идентитети влијаат на јавното мислење во корист на Кремљ на социјалните мрежи, јави Еурактив.

Според Бојанов институцијата нема да биде насочена кон граѓаните бидејќи целта не е создавање на репресивен државен апарат.

„Ние се водиме од еден основен принцип а тој е дека ниту владата, ниту било која голема компанија не треба да одлучува што е вистина, а што не, и да блокира содржина. Не треба да создаваме механизми за такво однесување бидејќи многу лесно може да се искористи во погрешна насока – истакна министерот Бојанов.

Бугарските власти добро знаат дека Кремљ во моментов директно и индиректно финансира дезинформации во земјата, одржува „фабрики“ на „тролови“ и координирано ја дистрибуира оваа содржина на социјалните мрежи, рече и министерот.

Овие „тролови“ често се луѓе кои работат од дома и создаваат лажни профили со кои споделуваат вести во групи и страници, како и пишуваат коментари под написите за вести.

Инаку земјата во моментов нема државен апарат за заштита на населението од хибридни закани и дезинформации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…