Објавено на:

Велика Британија тврди дека Русите употребиле хемиско оружје: Ова е брутална ескалација на конфликтот!

t

Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот на украинскиот стратешки пристаништен град Мариупол, што е под опсада повеќе од еден месец, соопшти синоќа британското Министерство за надворешни работи.

–Информациите укажуваат дека руските сили можеби употребиле хемиски агенси во нападот врз жителите на Мариупол. Работиме итно со нашите партнери за да ја потврдиме оваа информација, напиша на Твитер британската министерка за надворешни работи Лиз Трус.

Таа додаде дека секоја употреба на овој вид оружје „би претставувало брутална ескалација во конфликтот и ќе го повикаме (рускиот претседател Владимир) Путин на одговорност“.

Украинската пратеничка Ивана Климпуш вчера изјави дека Русија употребила „непозната супстанца“ во Мариупол, што предизвикало респираторни проблеми кај населението.

Најверојатно е хемиско оружје, објави Климпуш на Твитер.

Додека заменик градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушенко на Телеграм објави дека хемиските напади не се потврдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неделна колумна на Оливер Андонов

Не во ЕУ Кога Мицкоски велеше НЕ…

Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Јокиќ жестоко ги искара соиграчите, па одржа…

Кошаркарите на Денвер нагетс ја декласираа екипата…

Интер лесно се справи со Каљари, Лаутаро…

Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога…

Возило на МВР имало сообраќајна незгода, три…

Денеска (29.12) во 05:55 во СВР Скопје…