Објавено на:

“Тројански коњ”: Израелските власти пронајдоа сомнителен уред во подарок од кинеската амбасада

t

Израелските власти пронајдоа уред за кој постои сомневање дека се користи за прислушување во подарок за еврејскиот празник Пасха од кинеската амбасада во Тел Авив, јавија израелските медиуми.

Уредот бил пронајден во термо шолја испратена до кабинетот на министерката за наука, технологија и вселена, Орит Фаркаш-Хакоен, при безбедносната проверка, но подарокот не стигнал до неа.

Безбедносната служба Шин Бет го истражува инцидентот и сите преостанати шолји се собрани и ќе бидат вратени во амбасадата.

Шин Бет им наложи на безбедносните службеници во министерствата да го пријават секој подарок за да се провери и од другите странски амбасади.

Слични шолји се испратени и до министерствата за транспорт и здравство, а од кинеската амбасада стигнала порака дека и во наредните денови ќе пристигнат подароци. Кај некои кои веќе се пристигнати не се пронајдени сомнителни предмети.

Израел и Кина одржуваат добри односи, а во јануари прославија три децении дипломатски односи, кога се одржа петтиот состанок на Мешовитиот комитет за иновативна соработка на двете земји.

Кина ги надмина САД минатата година и стана најголем извор на увоз во Израел, според податоците на израелското Централно биро за статистика. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Нападот на Рафа ќе се случи…

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе…

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Тел Авив го повика Меѓународниот кривичен суд…

Израелските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…