Добра вест: Македонските државјани од утре можат да патуваат во Бугарија без Ковид сертификати
Патниците од Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет, од утре при влез во Бугарија веќе нема потреба да поседуваат ковид-сертификат за влез во земјата.
Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство Асена Шербезова денеска.
Во наредбата од бугарското министерство за здравство се наведува и дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ ковид-сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…