Градоначалникот на Буча: Пронајдени се 403 тела, се верува дека се убиени од руските војници
Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува.
Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели.
Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…
„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…
Во масакрот во училиштето во Грац убиени…
Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа…
15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина…
Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив…
Вршителот на должноста директор на полициската управа…
Масакр во џамија во Саудиска Арабија, над…
Најмалку 31 лице загина при воздушен напад…