(Фото) Арсовска на меѓународна конференција во Солун: Град Скопје се стреми да им овозможи дигитални сервиси на граѓаните

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше на конференцијата „Градови на иднината“, која се одржа во Солун. На конференцијата, која е во организација на Градот Солун и компанијата Циско, учествуваа и градоначалниците на Атина, Костас Бакојанис, заменик-градоначалникот на Приштина, како и претставници на Тирана, Белград и многу други градови од регионот. – соопштуваат од Град Скопје.

Во рамки на конференцијата се одржаа панел дискусии и размена на искуства и добри практики, каде учесниците разговараа за дигитализација и меѓусебната соработка на градовите.

Градоначалничката Арсовска се осврна на проектите кои Градот Скопје ги реализира, во креирањето на одржливи решенија за граѓаните. 

– Градот Скопје работи на повеќе проекти, каде еден од најголемите е изградбата на пречистителната станица која ќе пречисти над 90 проценти од урбаните отпадни води, проект вреден над 160 милиони евра, кој воедно е и најголемиот еко капитален проект во регионот. Работиме и на повеќе проекти каде преку користење на дигитални алатки се креираат квалитетни и одржливи решенија за граѓаните. истакна Арсовска.

На настанот Арсовска се осврна и на потребата од зголемување на регионалната соработка, пред се преку размената на позитивни искуства и добрите практики за решавање на проблемите со кои се соочуваат градовите.

– Градот Скопје се стреми да им овозможи дигитални сервиси на граѓаните, за полесно совладување на предизвиците, со што ќе се постигне пофункционална локална самоуправа.

Таа нагласи дека Град Скопје е дел од Мрежата на градови од Балканот – Б40 (B40 Balkan cities network) чија цел е зголемување на меѓусебната соработка за клучни прашања што ги засегаат градовите во регионот, како што се дигиталната трансформација, зелена транзиција и зголемување на економска соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…